Утрински Весник
Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои денес го прославуваат Велигден

Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е нераскинлив дел од општеството

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

dobivaj vesti na viber

– Дозволете ми на сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар да им го честитам најголемиот христијански празник – Велигден. Годинава Велигден се празнува во време на голема неизвесност и на човечки страдања предизвикани од бројни кризи, воени жаришта, елементарни непогоди и социјални неправди. Особено се погодени најранливите меѓу нас. Велигденската порака нѐ поттикнува, да се поистоветуваме со оние коишто страдаат и со длабока хуманост, солидарност и со емпатија да се застапуваме за мир, за социјална правда и за општество со еднакви можности за сите. Повикани сме да ги поткрепиме оние на коишто им е најпотребна помош, бидејќи малите чекори на добрина можат да направат големи промени во заедницата, вели Пендаровски во честитката.

Можете да прочитате

СДСМ: Малцинствата се македонски граѓани, Мицкоски ве лаже! 

17 возачи уапсени поради безобѕирно управување со моторно возило

(Видео) Автобус се запали на автопатот Велес – Скопје