Утрински Весник
Македонија

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Davkova.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници.

На овој светол и благословен ден, кога небото се отвора и Божјата светлина се спушта на Земјата, ви го честитам големиот христијански празник Богојавление  ̶  Водици.


Овој празник има длабоко духовно значење и особена симболика во нашата вера. Исусовото крштевање во реката Јордан не претставува само осветување на водата, туку чистење, духовна обнова и нов почеток. Богојавление е ден кога ја чувствуваме Божјата присутност во нашите животи, ден кога со отворено срце ја примаме љубовта и светлината којашто Бог ни ја дарува,  потврдувајќи ја нашата верба во него.

Денес кога го славиме Божјото откровение на Земјата,  ние сме повикани да го покажеме најдоброто и најсветлото на овој свет. Оваа година нека биде година на обнова, љубов и заедништво, со Божји благослов, а овој празник нека биде поттик за сите нас со верба да продолжиме по патот на љубовта и правдата, да бидеме светлина за другите и да градиме поубав свет исполнет со милост и со сплотеност.

Нека ни  е честит и вековит големиот христијански празник Богојавление ‒  Водици.

Бог се јави!

Можете да прочитате

Со театарската претстава „Макбет“ почнува „Битола Шекспир фестивал“

Фондот за здравствено осигурување одбележува 25 години работење

Уживајте во сонцето уште викендов, потоа доаѓаат чести врнежи