Утрински Весник
Спорт

Челси го сруши рекордот и плати 105 милиони фунти за Енцо Фернандез

Челси го сруши рекордот и плати 105 милиони фунти за Енцо Фернандез
Ss2

Иако во текот на денот постоеја сомнежи дека Челси ќе успеат да го добијат потписот на Енцо Фернандез, повеќе англиски медиуми потврдија дека има договор со Бенфика за рекорден британски трансфер од 105 милиони фунти (120 милиони евра).

dobivaj vesti na viber

Бенфика претходно му дозволи на Фернандез да ги помине медицинските тестови во Лисабон за да може да се комплетира договорот пред крајниот рок на полноќ.

Со ова се става точка на уште еден неверојатен преоден рок на Челси под водство на новите американски газди предводени од Тод Бели, откако тие веќе го купија Михајло Мудрик за 100 милиони евра, трошејќи повеќе од 700 милиони евра во последните два преодни рока.

Ss1

Можете да прочитате

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“