Утрински Весник
Македонија

Чаир е на Ахмети, порача Груби

Чаир е на Ахмети, порача Груби

Демократската унија за интеграција со митинг во Чаир.

dobivaj vesti na viber

На митингот присуствуваат лидерот на партијата Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери и министри од редовите на ДУИ.

Вицепремиерот Артан Груби пред почетокот кажа дека митингот е продолжение на собирите што ги имаше ДУИ во Тетово, Гостивар, Желино, Врапчиште и други општини, и најави продолжение и по другите ограноци на партијата.

Тој демантираше дека луѓето на митингот се дојдени под притисок. Напротив, според него собирот се одржува во убава атмосфера, спектакуларно и ќе бидат испратени убави пораки.

„Чаир е на на Али Ахмети и на ДУИ, порача Груби, негирајќи дека станува збор за реваншизам кон Изет Меџити од „огнената група“.

Додаде дека Меџити, бил поканет, но, како што наведе, „на крајот на краиштата никој не се кани во својот дом“.

Можете да прочитате

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе направат трансформација во Македонија, со „Платформа 1198″ ќе се решат проблемите на граѓаните

Пендаровски: Важно е на 24 април да покажеме дека има граѓани кои сакаат Европска Македонија

Петровска во Гостивар: СДСМ вистински се грижи за животната средина, Шар Планина ја направивме национален парк