Утрински Весник
Спорт

Македонија се комплетира пред пресметката со Малта

Македонија се комплетира пред пресметката со Малта
Ss2

Фудбалската репрезентација на Македонија во комплетен состав ги продолжува подготовките за натпреварот против Малта, прв за националниот тим во новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024. Пристигнаа и Стефан Ристовски и Аријан Адеми од Хрватска, Елиф Елмас и Илија Несторовски од Италија, па селекторот Благоја Милевски полека може да се фокусира на тактичките замисли во пресрет на мечот во кој Македонија ја има фаворитската улога.

dobivaj vesti na viber

„Нѐ очекува нов квалификациски циклус, сите се радуваме дека повторно сме на собир вцо националниот тим и се подготвуваме за новиот предизвик. Прв ривал е Малта, веруваме во сопствениот квалитет, но никако не смееме да ја потцениме Малта. Верувам дека и публиката ќе дојде да нѐ поддржи во голем број и дека ќе успееме да ја оствариме целта“, вели Александар Трајковски.

Ss1

Мечот против Малта се игра в четврток, во 20.45 часот на арената „Тодор Проески“, а потоа Македонија ја очекува и пријателски натпревар против Фарски Острови.

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!