Утрински Весник
Спорт

Целиот стручен штаб на ФК Вардар поднесе оставка

Shxyx .jpg

Ден по шокантниот пораз од екипата на Воска Спорт од 1:3 , шефот на стручниот штаб Горан Петрески, заедно со своите помошници ја превземаа одговорноста за двата последователни порази и поднесоа неотповиклива оставка, заблагдарувајќи се на управата на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец.

„Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати” изјави тренерот Горан Петрески.

Вчерашниот пораз од Воска Спорт ја прели чашата и кај навивичката група „Комити“ кои бараат оставка од управата.

Можете да прочитате

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула