Утрински Весник
Македонија

Царинска управа со крводарителска акција за Денот на Царината

1. Uprava.jpg
Img 5587

Околу 100 единици крв беа донирани од страна на царинските службеници во рамки на овогодинешната крводарителска акција којашто Царинската управа секоја година по повод  Денот на Царината – 14 април ја организира заедно со Црвен крст и Републичкиот завод за трансфузиологија. Крводарителската акција се спроведе во просториите на Царинската управа како и во центрите за трансфузиологија во Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци, Штип и Велес.

„Донирање крв значи спасување нечиј живот. Ние во Царинската управа секојдневно се бориме за безбеден живот како дел од нашите заложби за заштита на општеството и безбедноста на граѓаните. Хуманоста и општествената одговорност се дел од приоритетите на Царината и моралните вредности на царинските службеници.

Ss1

Во рамки на крводарителска акција организирана по повод Денот на Царината – 14 април, над 100 вработени во Царинската управа донираа крв. Традиционално царинските службеници повторно ја покажаа својата хуманост и грижа за здравјето на граѓаните “, велат од Царинската управа.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи за 24 Анализа: Ефектот од програмата на СДСМ ќе биде подобар живот за граѓаните

Пендаровски кон Силјановска: Вие и вашиот сопруг сте први од транзиционите профитери

Меџити: Нема да ја поддржиме Силјановска со изјави како таа од Куманово

Утрински Весник