Утрински Весник
Македонија

Царинска управа: На Богородица запленет златен и сребрeн накит со проценета вкупна вредност од над половина милион денари

Srebro.jpg

Запленети се 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден патник кој патувал на релација Истанбул-Гостивар, информираат од Царинската управа.

Со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава. 

Случајот е откриен на граничен премин Богородица кога царинските службеници поради сомнение, извршиле контрола на автобус и на патниците кои патувале со него.

По извршениот претрес, кај едно од лицата во џебот од неговиот елек и во патната торба беше пронајден златниот и сребрениот накит. Предметот е предаден на Секторот за контрола и истраги, при што преземени се понатамошни дејствија.

Можете да прочитате

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Осма жртва од западнонилска треска

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје