Утрински Весник
Македонија

Царина заплени големи количини фалсификувани производи, цигари и девизи

3 3.jpg

Царинските инспектори и службеници во изминатите денови и вчера успешно спречија неколку обиди за нелегална трговија и криумчарење. Во текот на акциите, запленети се значителни количества фалсификувани производи, цигари и девизи.

  • Во неколку контроли, запленети се 10.618 парчиња фалсификувана облека и аксесоари со потпис на познати брендови како „Луи Витон”, „Армани”, „Гучи”, и часовници „Ролекс”. Против сторителите се поднесени прекршочни пријави, а поведена е постапка за повреда на правото од интелектуална сопственост.
  • На граничниот премин Богородица, во четири контроли, запленети се 37.200 парчиња цигари, за кои е избегнато плаќање увозни давачки во износ од 319.177 денари. Лицата изјавиле дека цигарите ги купиле на фри-шоп.
  • На граничниот премин Табановце, македонски државјанин е спречен во обид да изнесе нелегално 20.450 евра и седум илјади долари. На лицето му се вратени две илјади евра, додека останатите средства се запленети. Против него е поднесена пријава за девизен прекршок.

Можете да прочитате

Во Охрид Централна свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари

Армијата го слави 34. роденден со најдинамична трансформација и модернизација и потврдена борбена готовност