Утрински Весник
Македонија

Бугарија одобри нацрт-договор за железничката пруга кон Македонија

Pruga.jpg

Владата на Република Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“, пренесува бугарската агенција БТА.

Целта на договорот е да се постават јасни обврски и рокови за изградба на железничката пруга меѓу двете земји. Според БТА, ќе се формира мешовит комитет кој ќе преговара со македонската страна за деталите околу текстот на договорот.


Пред две недели, бугарското Министерство за транспорт предложи потпишување на меѓувладин договор за да се прецизираат сите аспекти околу изградбата на пругата.

Изградбата на пругата кон Бугарија неодамна беше доведена во прашање откако вицепремиерот и министер за транспорт на Северна Македонија, Александар Николоски, се спротивстави на продолжувањето на третата делница (Крива Паланка – Деве Баир). Николоски ја обвини Бугарија дека нема подготвен проект за Коридорот 8, со што, според него, се успорува процесот на изградба.

Можете да прочитате

Алиша до Владата: Ни ветувавте повеќе, сега ни го скративте животот

Скратени часови за лична асистенција: Семејствата оставени сами со најтешките обврски

Алиша со предизвик до градоначалниците: Возете се со затворени очи за да видите како „преживуваат“ слепите