Утрински Весник
Свет

Брод со 2.700 тони хуманитарна помош тргна од Турција кон Газа

043bcfd5 vety9mfggm8yhd0b1ob63b.jpeg

Брод со 2.737 тони хуманитарна помош замина денеска од јужната турска провинција Мерсин кон појасот Газа кој е зафатен од војната, во координација предводена од турската Црвена полумесечина.

Пратката, меѓу другото, содржи пакети со храна, вода, брашно, облека, средства за хигиена, шатори, вреќи за спиење, ќебиња, материјали за засолниште и медицински материјали, објави турскиот јавен сервис ТРТ.

На церемонијата пред поаѓањето на стоката во Газа, претседателката на Црвената полумесечина на Турција, Фатма Мерих Јилмаз, рече дека помошта ќе пристигне во египетското пристаниште Ал-Ариш, од каде што ќе биде натоварена на камиони за наменета дестинација.

Турција досега испрати помош во 12 авиони и шест бродови за палестинскиот народ во Појасот Газа.

Можете да прочитате

Иран е подготвен за разговори со САД, но под еден услов

Украина вели дека нејзини дронови погодиле една од најголемите руски рафинерии за нафта

Џихадистите добиваат на сила во Мали: Министер убиен, хунтата потресена, руските сили се повлекуваат