Утрински Весник
Македонија

Колева: ДПМНЕ и лично Мицкоски да се извинат за сите лаги за трагичниот случај со малата Вања

Daniela koleva 560x336 1.jpg

ДПМНЕ, Ковачев, Јанушев и лично Христијан Мицкоски треба да излезат и да им се извинат на македонските граѓани и на македонската полиција.

Одделот на внатрешна контрола на МВР по спроведите провери и контроли констатирала дека во грозоморниот случај со малата Вања и чичко Панче полицијата постапила соодветно, согласно предвидените процедури и планови, за нивно навремено пронаоѓање.

Воедно, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка кон било кого.

Додека целото општество беше во тага, ДПМНЕ, Ковачев, Јанушев, дури и лично Мицкоски овој случај постојано го злоупотребуваа. Секој ден фрчеа прес конференции од белата палата полни со лаги.

Во отуство на политичка понуда, без осет и без основа го обвинуваа МВР и поранешното раководство на чело со Спасовски дека не постапиле навреме, дека било закаснето делувањето.

Сите нивни лаги денеска се потопени.

Се потврди дека ДПМНЕ е единствена партија која злоупотребува вакви случаи со лаги.

Сите надлежни институции покажаа посветеност и професионалност на високо ниво во расветлување на грозоморните убиства, кои го потресоа целото општество и тоа е за поздравување.

Мицкоски и ДПМНЕ да излезат и да се извинат за безобраните лаги!

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница