Утрински Весник
Свет

Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 137

677z381 dr 1.jpg

Бројот на жртвите во терористичкиот напад на трговскиот центар „Крокус сити“ во Москва се искачи на 137, соопшти денеска Рускиот истражен комитет.

Се додава дека меѓу загинатите има и три деца.

„Истрагата продолжува. До денес се идентификувани 62 тела“, се вели во соопштението.

Повеќе од 150 лица се повредени во терористичкиот напад на трговскиот центар „Крокус сити“ во Москва, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, во петокот вечерта.

Можете да прочитате

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено