Утрински Весник
Свет

Бројот на загинати во турскиот ски-центар се искачи на 66

20250121120720 Big 730x400 31.webp.webp

Бројот на загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар се искачи на 66, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Уште 51 лице е повредено, изјави Јерликаја во провинцијата Болу каде се наоѓа хотелот, на околу 300 километри источно од Истанбул.


Многу ни е жал, рече министерот, пренесе ДПА.

Во хотелот во популарниот ски-центар Карталкаја, каде во текот на ноќта избувнал пожарот, престојувале вкупно 238 гости.

Пожарот сега е ставен под контрола, а итните служби на лице место продолжуваат со „ладење“, рече министерот.

Хотелот е изграден на рид, што го отежнува гаснењето на пожарот од сите страни, додаде Јерликаја.

Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на предупредување од локалната полиција, претходно јави дека постои опасност хотелот да се урне во секој момент.

Локалните власти не го коментираа предупредувањето.

Можете да прочитате

Забрчанец: Про-украинскиот медиумски простор заробен во стапицата на нереални очекувања

Мерц: Светскиот поредок каков што го знаеме повеќе не постои

Туркиш ерлајнс го претстави 500-тиот авион, Airbus A350 со фотографии од 100.000 вработени