Утрински Весник
Македонија

МВР: Во Белград лишен од слобода Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега

Ne se sporeduvaj so drugi.png

На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.02.2026.

На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

Можете да прочитате

Скопјанец пијан со 2.2 промили возел низ Охрид

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци – власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев