Утрински Весник
Свет

Британскиот премиер: Руските повици за примирје целосно се бесмислени

Британскиот премиер: Руските повици за примирје целосно се бесмислени

Секoj унилатерален руски повик за прекин на огнот би бил „целосно бесмислен во сегашниот контекст“, изјави британскиот премиер Риши Сунак.

dobivaj vesti na viber

На самитот на Здружените сили за брза акција, што се одржува во Рига, Сунак изјави дека таквиот предлог од Русија би бил „лажен“.

„Русија би го искористила ова за да се прегрупира, да ги зајакне своите сили. Не може да има вистински мировни преговори додека руските сили не се повлечат од окупираните територии на Украина“, рече Сунак, а потоа додаде: „Нашата колективна определба е несомнена. Ние ја поддржуваме Украина и ќе продолжиме да го правиме тоа. Ова е прво и основно затоа што безбедноста на Украина е наша безбедност“.

Медиумите потсетуваат дека Заедничките сили за брза акција ги сочинуваат Данска, Естонија, Финска, Исланд, Летонија, Литванија, Холандија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство.

Можете да прочитате

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град

Израел издаде предупредување до Иранците да се држат подалеку од воени објекти

Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка