Утрински Весник
Спорт

Јужноамериканците ќе ѝ се приклучат на Лигата на нациите

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

УЕФА на чело со Александар Чеферин одлучи десет репрезентации од Јужна Америка да ѝ се приклучат на Лигата на нациите од 2024 година. За учеството на националните тимови од Јужна Америка во ова европско натпреварување УЕФА и КОНМЕБОЛ водеа долги преговори.

dobivaj vesti na viber

Пред да ја донесат оваа одлука, УЕФА и КОНМЕБОЛ потпишаа меморандум за разбирање, поточно го продолжија постојниот до јуни 2028 година.

Сè уште се чека официјална потврда двете федерации да ја потврдат оваа одлука, но англиските медиуми пренесуваат дека практично сè е договорено и дека потврдата се очекува во секој момент.

Така, ако им се верува на англиските медиуми, десет репрезентации од Јужна Америка ќе учествуваат во Лигата на нациите од 2024 година.

„Од 2024 година КОНМЕБОЛ ќе ѝ се приклучи на Лигата на нациите. Сè уште не знаеме каков ќе биде системот на натпреварување, но тоа ќе се случи“, им изјавил неименуван извор на англиските медиуми.

„Потпишан е меморандум и она што е сигурно е дека на ова натпреварување ќе се приклучат екипи од Јужна Америка“.

Прашање е како на ова ќе реагира Светската куќа на фудбалот ФИФА бидејќи УЕФА и КОНМЕБОЛ беа најголеми противници на идејата светските првенства да почнат да се одржуваат на секои две години.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина