Утрински Весник
Свет

Британскиот крал Чарлс присуствуваше на велигденската богослужба во Виндзор

D187d0b0d180d0bbd181 D0bad0b8d181d0b5d0bbd0be D181d0b5 D0bdd0b0d181d0bcd0b5d0b2d0bdd0b0 D0bdd0b0 D0bfd180d0b0d188d0b0d19a 63dc2e0175f74.jpeg
300x250 (7)

Британскиот крал Чарлс Трети заедно со кралицата Камила денеска присуствуваше на велигденската богослужба во замокот Виндзор, што е негов најзначаен јавен настап откако во февруари му беше дијагностициран рак.

На оваа служба традиционално присуствува целото кралско семејство, но оваа година тоа не беше случај. Принцезата од Велс Кејт Мидлтон, која неодамна започна со хемотерапија, поради канцерот, не присуствуваше на богослужбата, како и принцот Вилијам и нивните три деца Џорџ, Шарлот и Луи.

300x250 (7)

Од службата отсуствува и помладиот брат на Вилијам, Хари и неговото семејство, кои живеат во Калифорнија.

Појавата на 75-годишниот монарх се смета за обид да се смири јавноста откако Чарлс се повлече од јавните должности на почетокот на февруари, кога Бакингемската палата објави дека се лекува од рак.

Кралот продолжи да ги исполнува своите државни должности, како што се разгледување на владините документи и средби со премиерот.

Но, присуството на традиционален кралски настан, како што е велигденската служба, се смета за знак дека започнува неговото успешно враќање во јавниот живот. 

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО)Во Турција приведени 36 лица осомничени за поврзаност со „Исламска држава“

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Турција

Бајден го повика Сенатот да ја одобри помошта за Украина, Израел и Тајван