Утрински Весник
Македонија

Се бара притвор за 49годишник кој полово нападнал малолетничка

1708367277 Obvinitelstvo.jpeg

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 49 години за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз малолетно девојче кое не наполнило 15 години.

Осомничениот жител на село во општина Конче во повеќе наврати ја допирал малолетничката, сторувајќи продолжено кривично дело согласно член 188 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница