Утрински Весник
Свет

Британската морнарица следела руска подморница

Podmornicza.webp.webp

Руска подморница била следена од Британската кралска морнарица во тридневна операција низ невреме во Ламанш, пренесе ДПА.

Брод за поддршка РФА Тајдесурџ (RFA Tidesurge) со хеликоптер Мерлин беше распореден за да ја надгледува подморницата од класата Кило – „Краснодар“ и придружниот реморкер „Алтај“.

Руските пловила пловеле на запад од Северното Море низ Доверскиот Теснец и во Ламанш.

– Нема ништо како руска подморница за да го изостри вниманието на секој морнар, изјави капетанот Џејмс Ален, командант на RFA Tidesurge.

– Одржувањето отворено присуство и континуирано надгледување на руските пловни објекти во водите на Обединетото Кралство е од витално значење за националната безбедност, изјави потполковникот Дејвид Емери, командант на лет на Атлантската ескадрила на 814-от поморски воздушен ескадрон.

Кога подморницата, која пловела на површината и покрај временските услови, пристигнала во близина на островот Ушан, северозападно од Франција, Tidesurge и хеликоптерот, кој останал на бродот за време на целата операција, ја предале должноста за следење на сојузник на НАТО.

Ова следење доаѓа откако патролниот брод HMS Mersey, хеликоптер Wildcat од 815. поморски воздушен ескадрон и специјализиран авион Merlin за лов на подморници од 824. поморски воздушен ескадрон беа вклучени во следењето на руската подморница Novorossiysk додека таа пловеше западно низ водите на Обединетото Крластво во јули.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад