Утрински Весник
Спорт

Бразил ја „урна“ Канада, хаос во групата Л!

Бразил ја „урна“ Канада, хаос во групата Л!

Бразил направи огромно изненадување, победувјаќи ја фаворизираната Канада со 69:65 за сега сите четири екипи во групат Л на Светското првенство во кошарка да имаат идентичен 3-1 скор!

dobivaj vesti na viber

Новото засилување на Црвена звезда, Јаго до Сантос го реши мечот со четири поени во низа во последната минута од мечот, откако претхдно имаше незабележителна улога на мечот. Бруно Кабокло ги држеше Бразилцитет во игра со 19 поени и 13 скока, додека Лукас Дијаз уфрли 8 поени.

За Канаѓаните, кои досега импресионираа на шампионатот, најдобар беше Гилџас-Александер со 23 поени, но не успеа да помогне во последната четвртина која Бразилците ја добија со 23:13.

Сега, патникот во четврт-финалето ќе се бара во последното коло – Бразил игра против Летонија, додека актуелниот шампион, Шпанија ќе се обиде да го продолжи турнирот со победа над Канада.

Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл