Утрински Весник
Македонија

Божиќните празници ќе ги поминеме во знакот на значително потопло време – Температурите натпросечно високи!

Ecm1 24.gif

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на претстојните Божиќни празници територијата на Македонија ќе биде под влијание на претежно стабилна, сува  и значително потопла воздушна маса од југ, која ќе услови позначителен пораст на температурите кои ќе бидат натпросечно високи, а исто така ќе има и многу сончеви периоди. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.


По котлините, особено оние кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла  и на ниска облачност, особено изразена во ноќните  и во утринските часови.

И во Скопскиот регион за време на претстојните Божиќни празници ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време, додека во пониските предели од котлината ќе има појава на магла  и на ниска облачност, особено изразена во ноќните  и во утринските часови.

Што се однесува до температурите, наутро тие на повеќе места ќе бидат позитивни, односно над нулата, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, додека во југоисточните предели тие би можеле да се искачат  и за некој степен над 15 степени.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот од -3 до 4 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 12 степени.

Само да напоменам дека во текот на ноќта вторник кон среда, особено во западните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

Почитувани мои: Ви посакувам Среќни Божиќни празници, со желба за многу здравје, среќа, лубов и напредија во секое поле од вашиот живот. Преубав помин! 

Можете да прочитате

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Герасимовски: Честит и вековит Божиќ, човечноста нека биде нашата водилка

Мицкоски: Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно