Утрински Весник
Свет

Босна и Херцеговина е исчистена од касетната муниција која однесе 195 човечки животи

Босна и Херцеговина е исчистена од касетната муниција која однесе 195 човечки животи

Центарот за деминирање во Босна и Херцеговина во соработка со Министерството за цивилни работи во Босна и Херцеговина, Комисијата за деминирање во Босна и Херцеговина и невладината организација „Норвешка национална помош“ во Сараево го одбележаа завршувањето на процесот на расчистување во Босна и Херцеговина на касетна муниција, пренесе босанската агенција ФЕНА.

dobivaj vesti na viber

Норвешкиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Олаф Рајнертсен, истакна дека неговата влада и амбасадата веќе 12 години ја поддржуваат земјата за да се постигне ова и целосно да се елиминира касетната муниција во Босна и Херцеговина.

Контаминацијата на Босна и Херцеговина со касетна муниција што се случи за време на последната војна изнесуваше 14,61 квадратни километри на 140 локации низ земјата, пишува „Ал Џезира“.

Однесе 195 човечки животи во Босна и Херцеговина.

Благодарение на потпишувањето на Конвенцијата за забрана на производство, употреба, складирање и пренос на касетна муниција и нејзината ратификација во 2010 година, Босна и Херцеговина, според последното одобрено продолжување од 2021 година, се обврза да ги исчисти сите преостанати познати области со касетна муниција, која завршува на 1 септември 2023 година.

Земјата сè уште е обврзана да обезбеди поддршка на жртвите на касетната муниција, во нивната рехабилитација и реинтеграција.

Можете да прочитате

Руски дипломат: Москва би можела да склучи договор за ненапаѓање со земјите членки на НАТО

Рекордна невработеност на високообразованите во Германија

Кушнер ја повика Европа да именува еден претставник за преговорите со Русија