Утрински Весник
Свет

Босфор затворен за сообраќај, се насука товарен брод од Украина

2271413.jpeg

Босфорскиот теснец, кој го поврзува Црното Море со Средоземното Море, е затворен за бродови откако товарен брод од Украина се насука во вторникот, соопштија турските власти.

Брод по име Алексис превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Дефект на моторот се случил во близина на излезот од водениот пат, изјави портпаролот на Управата за крајбрежна безбедност.

Спасувачките напори се веќе во тек, додаде изворот.

Босфорот служи како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија.

Речиси 40.000 бродови поминале низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт.

Можете да прочитате

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци

На британските затвореници им се доставува дрога со дронови