Утрински Весник
Спорт

Борусија Дортмунд ја најде замената за Џуд Белингем

Борусија Дортмунд ја најде замената за Џуд Белингем
Dik 300x250 mk

Борусија Дортмунд го насочи своето внимание кон играчот од средниот ред на Лориен, Енцо Ле Фи, како можна замена за Џуд Белингем, кој најверојатно ќе замине ова лето. Според „Билд“ тој е опција за „жолто-црните“, заедно со Едсон Алварез од Ајакс.

dobivaj vesti na viber

Ле Фи (23) оваа сезона постигна шест гола за Лориен, со кој има договор до 2024 година.

Фудбалерот е проценет на околу 15 милиони евра, а интерес за него покажуваат и Наполи и Брајтон. Тој е типичен централен играч од средниот ред и е висок само 170 сантиметри.

Ле Фи беше дел од олимпискиот фудбалски тим на Франција на Игрите во Токио.

Од таборот на Борусија не коментираат речиси ништо, но спортскиот директор Себастијан Кел изјави дека ќе биде тешко да се најде замена за неверојатен играч како Џуд Белингем, „дури и со многу пари“.

Реал Мадрид е фаворит за транферот на англискиот репрезентативец.

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите