Утрински Весник
Балкан

Борел на годишнината од Охридскиот договор ги потсети Белград и Приштина дека крајно време е да почнат со исполнување

Pendarovski Lajcak Borel Ohrid 750x430 1.jpg

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по повод годишнината од Охридскиот договор кој го постигнаа Белград и Приштина потсети дека крајно време е и Србија и Косово да почнат да го исполнуваат и да стават крај на сегашниот маѓепсан круг на кризи и тензии за да преминат во нова, европска ера. Договорот во целина за двете страни е обврзувачки според меѓународното право. -Утре се одбележува првата годишнина од Договорот за патот кон нормализација што Косово и Србија го склучија во Охрид. Договорот и анексот за негова имплементација се постигнати по неколкумесечни интензивни преговори со олеснување на Европската Унија за да им се помогне на страните да направат чекор напред во нормализацијата на нивните односи,се вели во писмената изјава на Борел. За Борел токму Договорот од Охрид „кој ветува мир, стабилност и добрососедски односи“ е значајно достигнување за двете страни постигнато со посредство на ЕУ. -За прв пат за време на Дијалогот поддржан од ЕУ, страните се договорија за јасни параметри кои ја дефинираат траекторијата на процесот за нормализација на нивните односи. Овој Договор и неговата имплементација јасно ќе покажат дека иднината на двата партнера е во Европската Унија, смета Борел.

Можете да прочитате

Приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на С. Македонија

Си Џинпинг му подари скулптури на Вучиќ кои го симболизираат кинеско-српското пријателство