Утрински Весник
Свет

Борел: Можно е војната во Украина да не заврши

Борел: Можно е војната во Украина да не заврши

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел оцени дека „можно е војната во Украина да не заврши, да се одолговлекува како во Кореја (1953) и да има примирје и воспоставување на линијата на поделба“.

dobivaj vesti na viber

Борел во дебата во Центарот за меѓународни односи во Барселона (ЦИДОБ) рече дека „тоа би можело да биде излез од војната“, иако често се зборува за тоа кој би можел да победи.

Според шпанскиот весник „Вангардија“, тој напомена дека би било неопходно украинскиот вооружен конфликт да се одвива како во Кореја, „украинската и руската страна да се повлечат од своите позиции“ и да се откажат од барањата, одбраната или освојувањето територии.

Лидерот на неофицијалната европска дипломатија, исто така, стави до знаење дека негова задача е да ги убеди оние земји кои не сакаат да заземат страна во украинската војна дека „лошата страна во тој филм е Русија, а не санкциите на ЕУ“.

Корејската војна во 1953 година заврши со пакт за примирје и ненапаѓање потпишан од Северна Кореја и САД како сојузник на Јужна Кореја, и во принцип, тој договор требаше да доведе до конечен мировен договор, а земјата сè уште е поделена со демилитаризирана зона.

Борел изјави и дека „се уште е рано да се размислува за какви било мировни преговори“, ниту дека веќе се размислува за каква било реконструкција на Украина, но „сите напори треба да се фокусираат на избегнување понатамошно уништување“.

Европа, според неговите зборови, „не смее да си дозволи да се измори од војна“, иако Европската Унија како целина и онака не може да има важен збор во мировните преговори.

Тој смета дека ЕУ сепак мора да биде на преговарачка маса „бидејќи нашите санкции се клучен елемент на какви било преговори и затоа што безбедноста во Европа е наша безбедност“.

Можете да прочитате

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата

Во Индија почнаа парламентарните избори кои ќе траат до 1 јуни

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации