Утрински Весник
Свет

Германија прими повеќе од еден милион бегалци од Украина

Германија прими повеќе од еден милион бегалци од Украина

Речиси 1,03 милиони украински бегалци се регистрирани во Германија од почетокот на рускиот напад врз Украина, објави „Шпигел“.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на УНХЦР – агенцијата за бегалци на ОН, од 24 февруари, кога започна војната, до денес околу 7,9 милиони луѓе од Украина нашле засолниште во странство поради војната, пишува украинска „Правда“.

Полска прифати најмногу бегалци – повеќе од 1,5 милиони.

Голем број доби и Чешка, околу 463.000.

Во Франција се регистрирани околу 119.000 бегалци, во Италија околу 173.000 и во Шпанија околу 154.000 бегалци.

До 18 ноември во Велика Британија беа примени 140.000 украински бегалци.

Можете да прочитате

Руски воени бродови впловија во Црвено Море

Во Франција за Велигден зголемено присуството на полицијата пред црквите

Палестинската управа формира нова влада