Утрински Весник
Свет

Борел: ЕУ нема да ја толерира ескалацијата на Косово

Борел: Договорите постигнати меѓу Белград и Приштина мора да се почитуваат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека Унијата е многу вознемирена поради ситуацијата на северот на Косово и апсењето на Србите без правна основа.

dobivaj vesti na viber

„Многу сме вознемирени од ситуацијата на северот на Косово – апсењето на косовските Срби без правна основа и маршот на косовските безбедносни сили низ Јужна Митровица, проследен со тешка реторика од Србија“, напиша Борел на Твитер.

„И покрај вчерашната кризна средба, ескалацијата продолжува и станува опасна, нема да ја толерираме“, изјави шефот на европската дипломатија.

Можете да прочитате

Трамп: Мадуро и неговата сопруга патуваат за Њујорк

Рубио: Мадуро не е претседател на Венецуела, неговиот режим не е легитимен

Кој ќе владее во Венецуела по падот на Мадуро