Утрински Весник
Македонија

Боки 13 ја напушта наградната игра со Стефан Лазаров – му се влошила здравствената состојба

Uploads Thumbs Resize 800x420 674900.jpg

Откако Управата за Јавни Приходи синоќа влезе во просториите на локалот Cabaret Clique во Штип, каде што без дозвола од Министерството за фанинасии наградна игра организираат Бојан Јовановски алиас Боки 13 и Стефан Лазаров, Боки 13 одлучи преку социјалните мрежи да се повлече од оваа наградна игра, поради како што вели нанесен и преживеан стрес.


Според извори на повеќе медиуми инспекторите синоќа земале изјава од Бојан Јовановски, кој како инвалид од прв степен, го води овој настан. Тој им рекол на инспекторите дека не е поврзан со настанот туку е само гостин.

-Јас сум само гостин ова е настан на Лазаров, тој треба да одговори на вашите прашања. – им кажал Јовановски на инспекторите од УЈП.

Можете да прочитате

Намалена видливост поради магла на патот Попова Шапка – Лисец

Шуга меѓу војници во касарната во Велес

СДСМ: Нема одговор од МВР – Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница