Утрински Весник
Економија

Бочварски: Инвестиравме 23 милиони евра за реконструкција на локални улици во општините

Бочварски: Инвестиравме 23 милиони евра за реконструкција на локални улици во општините

Инвестирани се 23 милиони евра за изградба и реконструкција на 93 локални улици во 44 општини и Град Скопје во рамки на Проектот за поврзување со локални патишта во општините што се реализира преку Министерството за транспорт и врски, со поддршка на Светска банка.

dobivaj vesti na viber

Ова го потенцираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната конференција на која се презентираа досегашните резултати од реализација на овој проект, на која присуствуваа претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Проектот е со вкупна вредност од 70 милиони евра, средствата се распределени на 80 општини и Градот Скопје за реализација на проекти во локалната патна мрежа преку кои се очекува да се рехабилитираат вкупно 450 километри локални улици.

„Сите се согласуваме со оправданоста и целта на овој проект. Рехабилитацијата на локалната патна мрежа, верувам дека ќе се согласите, е прв и основен приоритет за граѓаните, за економијата, но и за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Токму преку овој проект ги нудиме и ги обезбедуваме сите овие приоритети. Особено сега во време на најголемата светска криза, кога има лимитирачки фактори во градежништвото, го зголемуваме капацитетот на општините и вбризгуваме повеќе финансиски средства во економијата“, истакна Бочварски.

Потенцираше дека во општините каде веќе се реализира овој проект резултатите се видливи преку нови, реконструирани и безбедни улици кои придонесуваат за поквалитетен живот на граѓаните и развој на општините.

На конференцијата беше потенцирано дека до крајот на годината ќе се објават уште неколку јавни повици каде ќе бидат опфатени вкупно 160 километри локална патна мрежа во општините.

Можете да прочитате

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството