Утрински Весник
Македонија

Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа

1.jpg

Бобан Николовски денеска ја презеде функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година.

„Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за компаниите како и целосна дигитализација и СМАРТ Царина како дел од владините приоритети за смарт Македонија, се само дел од нашите цели”, порачува Николовски.

Николовски е вработен во Царинската управа веќе 15 години, а на функцијата директор доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Доаѓа Конгресот на обединувањето

Нокс: Регионалниот пристап носи модерен, ефикасен и одржлив систем за управување со отпад со реални придобивки за граѓаните

За еден ден казнети 113 возачи на мотоцикл во Скопје