Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Во 2024 спречени 1596 обиди за влез на илегални мигранти

1563049b D31c 473b 8b70 A12cf56c76a9 Scaled.jpg
Screenshot

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, денеска во Демир Капија ги посети полициските службеници од пунктот за борба против илегалната миграција и криумчарење мигранти, во рамки на оперативната акција „Рефлекс”.

Pet Utrinski

„Тука сме директно на терен да посведочиме на остварувањето на работните задачи и планови на полициските службеници, со цел поефикасна борба со сите видови криминал, особено борбата против илегалната миграција, организираниот криминал и корупцијата, а со тоа гарантирање на безбедноста на сите граѓани.”, потенцираше Бојмацалиев. Притоа, тој сподели статистика во делот на сузбивање на илегалната миграција.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

 „Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС е на територијата на Република Северна Македонија, по потпишувањето на Договорот помеѓу поранешниот министер Спасовски и еврокомесарката Јохансон. Оттогаш досега ги бележиме резултатите – во 2023 спречени 13.954 нелегални преминувања, од кои на РЦ ЈУГ се 12.000. во 2024 овие два месеца имаме 1.596 на целата територија на државата, 1.057 само за РЦ ЈУГ. Според земјата на потекло, доминираат обидите на лица по потекло од Сирија-1.199 обиди, додека останатите се од Мароко, Непал, Ирак, и во помал број од други земји. Исто така, во рамки на откриените 16 случаи спречено е криумчарење на вкупно 104 мигранти, а мерки на кривичен прогон се преземени против 14 лица, за сторени 11 кривични дела „криумчарење на мигранти””, рече Бојмацалиев, додавајќи дека успехот се должи на работата на контролните пунктови низ државата.

„Ова се бројки кои говорат за одличната координација помеѓу нашите полициски службеници од МВР и службениците од ФРОНТЕКС во насока на намалување на рутата која беше атрактивна од 2015, па се’ до пред две години. Република Северна Македонија повеќе не е атрактивна рута, што се должи и на работата на македонската полиција со повеќе контролни пунктови низ државата во склоп на оперативната акција која трае веќе 4 години”, истакна Бојмацалиев.

Можете да прочитате

На полноќ Судскиот совет ќе одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Ќерим: Пораката на Сиљановска Давкова беше за мнозинството граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција

Мицотакис ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the Great“ како „моќно средство на економската дипломатија“