Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Со парите на граѓаните никој не може и нема да се обогати!

Bo macaliev mitko scaled.jpg

Откако Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 26 лица кои го оштетиле Буџетот на општина Штип со своја реакција на социјалните мрежи се јави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.

„Со парите на граѓаните никој не може и нема да се обогати! Кривична пријава против 26 лица за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување исправа“ и „несовесно работење во службата“ Со ваквите дејствија на Буџетот на Општина Штип била предизвикана штета во износ од 18.403.386 денари“ вели Бојмацалиев во објавата.

Можете да прочитате

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот

Филипче му понудил на Битиќи да се врати за потпретседател на СДСМ – тој се уште размислува

НОВ ОБИД ЗА ДЕБЛОКАДА: Муцунски и Петрова-Чамова на средба во Софија