Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај

1eb40f61 3cec 4b80 9b6d 5cff9f4b9fcd Scaled.jpg

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, денеска остварија работни средби со раководствата на Полициските одделенија Матејче, Арачиново, и Шуто Оризари, во пресрет на парламентарните и вториот круг од претседателските избори 2024 година, а со цел гарантирање на фер, слободни и демократски избори, како и согледување на постигнатите резултати во првото тримесечје од 2024 година. Притоа, делегацијата од МБР беше информирана за редовно функционирање на локалните штабови во рамки на Оперативниот Штаб на МВР.

Во однос на резултатите на овие организациски единици, безбедносната состојба е стабилна и поволна, а за одбележување се расветлените кривични дела кражба на електрична енергија.

Во Полициското одделение Матејче имаме вкупно 20 кривични дела, од кои 17 се за кражба на електрична енергија, додека во Полициското одделение Арачиново регистрирани се 21 кривично дело кражба на електрична енергија.

Во однос на Полициско Одделение Шуто Оризари, за одбележување се 13 пријавени настани за нарушување на јавен ред и мир, од кои сите се расчистени со поднесени прекршочни пријави. Воедно, имаме 35 кривични дела по службена должност, од кои 6 се расчистени од ЕВР Чаир.

Бојмацалиев на средбите уште еднаш ја потврди заложбата за организирање на европски избори и на колегите им ја потенцираше важноста од работење исклучиво по закон, а со цел гарантирање на безбедноста на изборните процеси.

Можете да прочитате

Ѝ се јавиле по телефон и ја измамиле – пензионерка останала без 6.000 евра

Одбиена уште една тужба на Европски фронт – онаа што се однесува на Долнени

Цело ВМРО-ДПМНЕ на прием кај претседателката Давкова