Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Полицијата спречи обид за влез во ДИК, како и обид за внесување УСБ во простории на ДИК

434815964 122134477718169469 8463650683377284670 N.jpg
300x250 (7)

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во интервју на Слободен Печат истакна два случаи во Државната изборна комисија за кои полицијата реагираше.

„Во Државната изборна комисија се работи за два случаеви кои ги имаме документирано, со службени белешки, се е ставено на хартија од полициските службеници кои работат на обезбедување на просториите на ДИК. Таму се работи при внесување на одредени уреди, во документот за реверс, лицето кое е заведено не соодветствува со личната на карта, бројот и серискиот број. Лицето е вратено, пријавено во ДИК. Сакам да кажам дека како полиција внимаваме до најситни детали, кој влегува, кој излегува. Таму е строго контролирано. Второ нешто што е нотирано од полицијата дека во одредена просторија каде е забрането да се влага со ИТ уреди, едно лице имало обид, дали е намерен или ненамерен обид за влез со УСБ, обидот е спречен од полицијата и ДИК е известен за таа појава. Овие два случаи ги кажувам дека МВР до детал ги проверува сите работи. Со тоа граѓаните можат да бидат спокојни дека МВР, БЈБ ќе дадат свој максимум да ги спроведеме своите избори да бидат фер, слободни, демократски”, рече Бојмацалиев.

Ss1

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Изборот е меѓу надеж и безнадежност, помеѓу европска иднина и изолација

Тошковски во работна посета на ОВР Струга

Зајкова:Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!