Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024

86c14afc 857c 4ccb 974a 90796a3898ac Scaled.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за граничи работи и миграции, Сашо Смилески, денеска остварија работна средба со раководството на полициска станица за граничен проверки „Меѓународен аеродром” Скопје. Делегацијата го посети терминалот на аеродромот, како и Граничната меѓуагенциска единица (ГМЕ). Притоа, од страна на раководството беа брифирани за резултатите на оваа организациска единица при Регионалниот Центар Север во рамки на Бирото за јавна безбедност на МВР.

„Во првото тримесечје на Полициската станица за гранични проверки „Меѓународен Аеродром”, во однос на работата на оваа организациска единица бележиме зголемен проток на патници во однос на истиот период лани, со вкупно регистрирани 603.537 од кои домашни 296.728 и странски  306.809 патници, а во фреквенција биле и 2507 домашни и странски воздухоплови. Во однос на регистрирани кривични дела, бележиме два откриени случаи на фалсификувани документи. Поднесени се 65 прекршочни пријави и извршени 92 претреси на лица, лишени од слобода 14 лица, приведени 78 лица”, информираше Бојмацалиев по средбата.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата