Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев на средба со претставници на МПС: Ниту едно право на вработените нема да биде скратено

Денеска (02.02.2024), во МВР дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари средба со  претставници  на репрезентативниот Македонски полициски синдикат, предводени од претседателот Марјан Кицев, со цел да се потврди меѓусебната поддршка и заложба за спроведување  фер, слободен  и демократски изборен процес.

Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи  Бојмацалиев беше истакнато дека тој продолжува по принципот на работа на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, дека  ниту едно право на полициските службеници  коешто им следува со потпишаниот Колективен Договор помеѓу МВР и МПС, нема да биде укинато. Бојмацалиев истакна дека не отстапува од принципот на фер и достоинствено раководење со Министерството, при што рече дека нема да бидат толерирани никакви притисоци кон вработените од ниту една политичка партија, а во спротивно ќе следуваат соодветни правни санкции.

Претседателот на МПС, Марјан Кицев, му честиташе на Бојмацалиев за именувањето на функцијата дополнителен заменик министер за внатрешни работи, при што ја изрази својата поддршка за посветеноста и професионалноста на Бојмацалиев да бидат спречени било каков вид на притисок врз вработените од страна на било која политичка партија.

На крајот од средбата, двајцата соговорници уште еднаш ја потврдија досегашната успешна соработка, со обврзување за интензивирање на динамиката на истата и во иднина.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и ДУИ како малку да им беше што го уништија стандардот на граѓаните, па во заминување ги зголемуваат цените во Катастар и до 300%

СДСМ: Поголеми плати во новиот мандат, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата

РАНА НАЈАВА: Во Склоп на длабокиот циклон од северозападна Европа, влажен бран ќе ја зафати и Македонија!