Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Членството во НАТО е квантен скок кон безбедноста и стабилноста на државата

434195618 122132735780169469 449661210403585699 N.jpg
Ss2

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, денеска присуствувашев на свечен настан по повод 4 годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата и Денот на Генералштаб на Армијата на Република Северна Македонија.

„Особена е честа за мене да присуствувам на Денот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, бидејќи потекнувам од семејство на пензиониран полковник во Армијата, со силна посветеност кон вредностите на демократија кои се интегрирани во системот на колективна безбедност на НАТО.

300x250 (7)

И, токму членството во НАТО не беше само формално пристапување кон една организација – тоа претставуваше квантен скок напред кон безбедност, стабилност и просперитет за нашата земја и нашиот народ. Влезот во НАТО нè става под заштита на една од најмоќните безбедносни Алијанси во светот, што значи дека нашите граници и нашата сувереност се заштитени од надворешни влијанија.

Го отворивме патот за соработка со другите членки, што доведе до не само подобри можност за економски развој и интеграција во евроатлантската заедница, туку и го засили нашиот глас во меѓународната заедница.

Пристапувањето во НАТО беше одраз на нашата посветеност кон заедничките вредностите што ги споделуваме со другите членки – демократијата, правата на човекот и правната држава.

Ние сме дел од глобалната заедница што се бори за мир и стабилност“ пишува Бојмацалиев на социјалните мрежи.

Ss1

Можете да прочитате

Промовирана новата генерација полициски службеници

Спасовски: 27 ми април е крвав потсетник што носи режим, да не дозволиме да се повтори

Драмски театар ќе доделува награда „Горан Стефановски“ за најдобар текст од млад автор