Утрински Весник
Свет

Речиси четвртина од домаќинствата во Британија имаат финансиски проблеми

2833989 London Ls.jpg
300x250 (7)

Речиси четвртина од домаќинствата во Велика Британија имаат финансиски проблеми и покрај значително побавниот раст на цените на храната од година во година, покажува најновото истражување на агенцијата Кантар.

„Инфлацијата на храната значително се намали откако достигна врв од 17 отсто во март 2023 година, но многу британски домаќинства сè уште се мачат“, рече шефот за малопродажба и потрошувачки работи на Кантар, Фрејзер МекКевит.

300x250 (7)

Според него, 23 отсто од британските домаќинства пријавиле дека имаат финансиски проблеми, што е ист процент како и во ноември 2023 година.

Цената на храната во Велика Британија во февруари се зголемила за 4,5 отсто, што е најниско ниво во последните 12 месеци, пишува Гардијан.

Годишната стапка на инфлација во Велика Британија падна во февруари од четири отсто во јануари на 3,4 отсто и сега е најниска од септември 2021 година, објави британската канцеларија за национална статистика (ONS) минатата недела на својата веб-страница.

Резултатите за февруари се подобри од очекувањата на пазарите кои предвидуваа инфлација од 3,5 отсто.

Ss1

Можете да прочитате

Русин избодел двајца Украинци во Германија

Блинкен пристигнува во Ријад – 24info.mk

Фатена кинеска банда која фалсификувала монети од две евра