Утрински Весник
Македонија

Блокиран патот кон дебарското село Татар Елевци

Svleciste.jpg

Поради свлечиште, блокиран е патот кој ги поврзува Дебар и село Татар Елевци.

Од општината доцна попладнево информираа дека свлечиштето од земја и дрва е последица на излевање на голема количина на вода од пукање на водоводна цевка, која го снабдува резервоарот во таа зона.

– Надлежните екипи се на терен, каде што работат на санирање на дефектот во водоводната мрежа а потоа и расчистување на материјалот од коловозот, со цел воспоставување на нормален сообраќај во најкраток можен рок- наведуваат од општината.

Се замолуваат да го избегнуваат движењето на овој патен правец. 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано 

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице