Утрински Весник
Економија

Блок 1 на РЕК „Битола“ попладнево ставен во функција

ЕСМ: Продолжуваат активностите за ремонтот на Блок 1 во РЕК Битола

Блок 1 на РЕК „Битола“ попладнево, околу 15 часот, е ставен во функција. Постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем, соопшти ЕСМ.

dobivaj vesti na viber

„Благодарение на стручноста и ангажманот на вработените во термоелектраната, за нецели 24 часа санирани се пукнатите цевки поради кои блокот вчераутро мораше да биде исклучен.

РЕК „Битола“ во моментот работи со два блока. На Блок 3 во тек се завршните зафати за монтажа на новиот трансформатор по што и оваа постројка ќе биде ставена во функција“, велат од компанијата.

Можете да прочитате

Намаленото ДДВ за дизелот ќе продолжи до 12 октомври

Утре истекува пониското ДДВ за горивата а РКЕ ќе носи одлука за новите цени

Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси