Утрински Весник
Спорт

Близнаците Томпсон влегоа во историјата на НБА

Близнаците Томпсон влегоа во историјата на НБА

Близнаците Амен и Усар Томпсон влегоа во историјата на НБА.

dobivaj vesti na viber

Тие се првите браќа кои завршија заедно во Топ 10 на драфтот во истата година од формирањето на лигата во 1976 година, односно кога НБА се спои со АБА лигата.

И не само тоа, туку двајцата беа избрани меѓу првите пет играчи по неприкосновените Виктор Вембањама, Брендон Милер и Скот Хендерсон.

Амин го избра Хјустон од четвртата позиција, додека Усар како петти пик беше избран од Детроит.

Браќата ќе се разделат за прв пат со оглед на тоа што цел живот играат заедно. Тие го прескокнаа колеџот и НЦАА лигата и наместо тоа се свртеа кон лигата наречена Овертајм Елит.

„Ќе го задржи „Play Station 5“, морам да си купам нов. Тоа е главното во моментов. Се каравме и за патики, губам се… Ова е како лош развод”, се пошегува Амин по завршувањето на драфтот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина