Утрински Весник
Свет

Блинкен му повтори на израелскиот министер: САД се против офанзивата во Рафа

Blinken Galant 1.jpg
300x250 (7)

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, вчера, на средба со израелскиот министер за одбрана изјави дека САД се противат на офанзивата во Рафа.

Блинкен нагласи дека „постојат други решенија, освен копнена инвазија од големи размери, која подобро ќе ја обезбеди безбедноста на Израел и ќе ги заштити палестинските цивили“, рече портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Ss1

Средбата меѓу Блинкен и израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, се одржа вчера во Вашингтон, истиот ден кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откажа посетата на високо ниво на израелска делегација на САД. Ова беше реакција на воздржувањето на САД од резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која повикува на итен прекин на огнот во Газа.

„Сигурен сум дека ќе најдеме други начини да ја изразиме нашата загриженост за офанзивата, која би претставувала огромен ризик за цивилите“, изјави вчера портпаролот на Стејт департментот.

Според него, израелската влада не претставила кохерентен план за евакуација на 1,4 милион луѓе во Рафа. Повеќето од нив побараа засолниште таму откако избегаа од бомбардирањето во северниот дел на Газа.

И германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, во друга посета на Блискиот Исток го повтори повикот до Израел да се откаже од офанзивата.

„Не смее да има офанзива од големи размери на Рафа“, рече Баербок вчера во Каиро по состанокот со својот египетски колега Самех Шукри.

Хамас во текот на ноќта изјави дека „Нетанјаху и неговата екстремистичка влада сносат целосна одговорност за неуспехот на преговарачките напори“.

Палестинската исламистичка група бара „вистинска размена на затвореници“, односно ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори во замена за израелските заложници во Газа.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип