Утрински Весник
Свет

Блинкен: Критичен момент за Украина во војната против Русија

Blinken 1.jpg

Украина се наоѓа во „критичен момент“ во војната со Русија и итно и е потребна поголема поддршка од Западот, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Апсолутно е неопходно Украинците да добијат одбранбени материјали, особено кога станува збор за муниција и противвоздушна одбрана“, рече Блинкен за време на посетата на Франција.
Тој посочи дека поради оваа причина американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да обезбеди дополнителен буџет за воена помош за Киев што е можно поскоро.

Бајден го повика Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на републиканците, да го поддржи пакетот за воена и финансиска помош, но претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон го одложи прашањето со месеци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку Украина не добие помош, неговите сили ќе мора да се повлечат „со мали чекори“.

Блинкен и францускиот министер за одбрана Себастиен Лекурни претходно ја посетија фабриката каде што се произведуваат хаубици „Цезар“ на Некстер. Лекорни рече дека Некстер работи на производство на 12 Цезари месечно.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена