Утрински Весник
Македонија

Битолските спасувачи кои се вратија од Турција, за хуманоста и пожртвуваноста од градоначалникот добија парична награда

Битолските спасувачи кои се вратија од Турција, за хуманоста и пожртвуваноста од градоначалникот добија парична награда

Битолските спасувачи Петар Нолев, Зоран Балуловски, Владо Николовски, Петре Илиоски и Игор Радичовски, утрово се вратија од турскиот град Адијаман, каде заедно со другите спасувачки екипи работеа на пронаоѓање и спасување на евентуално преживеани луѓе и извлекување на жртвите, после катастрофалниот земјотрес што се случи минатиот понеделник.

dobivaj vesti na viber

Во спасувачката акција, се вклучиле веднаш после 30 часовното патување, соочувајќи се со тешки состојби и огромна тага во разрушениот турски град. Сепак, желбата да се помогне во спасувањето на човечки животи, била доволно силна, да се работи се додека за тоа постоело надеж.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој денес ја пречека спасувачката екипа во својот кабинет, заблагодарувајќи им се за нивната хуманост и пожртвуваност, спасувачите ги награди со по една просечна плата.

Можете да прочитате

Црн чад се издига над Скопје, пожар во кругот на Железара

Косово го затвори Генералниот конзулат во Струга

Цариниците спречија шверц на 200.000 евра на Табановце – парите скриени во торби, ранец и куфер