Утрински Весник
Економија

Битиќи за енергетските инвестиции: Држава не се води според апетитите на една Палата, јас морам да го бранам интересот на граѓаните, мора да обезбедам иднина за нашите деца.

Biti i Interv u Kanal 5.jpeg

„Струјата е наша и тоа е умешноста на преговарање. Држава не се води според апетитите на една Палата, држава се води на структуиран начин и на институционален начин. Морам да го бранам интересот на граѓаните, мора да обезбедам иднина за нашите деца, мора да обезбедам чист воздух за нашите деца“, изјави вицепремиерот Битиќи на „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека затоа ќе има Стипион во Штип, во Пехчево, затоа ќе има една хидроцентрала којашто ќе балансира низ целата држава. Се додека јас и оваа проевропска влада е на власт Британските Девствени Острови не е држава од која сакаме да имаме инвеститори.

„Нашата држава ќе купи електрична енергија во којашто ќе направи профит од таа електрична енергија затоа што ќе се користи за да се надомести недостатокот на електричната енергија и да се направи енергетската транзиција. Поставената формула е во полза да нуди секогаш поевтина цена“, заклучи Битиќи.

Можете да прочитате

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност

„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија условите од јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење