Утрински Весник
Магазин

Одбиено барањето на Мараја Кери за заштитен знак „Кралица на Божиќ“

Одбиено барањето на Мараја Кери за заштитен знак „Кралица на Божиќ“

Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД (USPTO) ја одби пријавата на Мараја Кери за заштитен знак на прекарот „Кралица на Божиќ“.

dobivaj vesti na viber

Имено, во процесот на аплицирање за заштитен знак, музичката ѕвезда не одговори на противењето на друга пејачка.

Заштитниот знак ќе ѝ дадеше законско право да ги спречи другите да ја користат оваа титула во нивната музика или производи.

Кери, исто така, не успеа во обидите да ја заштити ознаката на кратенката ‘QOC’ (Queen of Christmas) и ‘Princess Christmas’.

Кери стана синоним за празничниот период од објавувањето на својата песна од 1994 година, All I Want for Christmas Is You.

Можете да прочитате

Продаден култниот хотел „Бристол“ во центарот на Скопје

Дневен хороскоп за 14 Јули 2026 година

Ентони Хопкинс на 88 години објавува музички албум на кој работел 60 години