Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализмот 

0007 30 04 24 Press1pres2 Scaled.jpg

Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализам, зашто тоа е најлесно. Паѓаат на емоции, треба да им е срам на сите кои по 30 години велат дека се во политика, по 20 години на власт кога ќе отидете во населено место и газите во кал.” – кажа на утринското гостување во „Слободен печат”,  потпретседателот на СДСМ и ко-носител во Изборна единица 2 на Коалицијата за европска иднина.

„Треба да има канализација, треба да има вода за пиење и достоинствен пат затоа што некогаш можеш да го решиш патот и на друг алтернативен начин освен асфалт, затоа што асфалтот не иде и во секое рурално и населено место. И да тврдиш дека најбитно е национализмот и како ти се чувствуваш, а 30 години си на власт и да одиш да бараш глас таму каде што се задушуваш од прашина треба да се срамиш” – кажа Битиќи

Затоа тој потенцираше дека СДСМ се обидува да стигне во секој дом.

„Некој имаат изградено ставови, некој немаат, некои се склони да не излезат на гласање, ги убедуваме дека никој не треба да ги занемари изборите и дека гласањето е највисокиот демократски чин кој што треба да го искористат затоа што гласаат за својата иднина. Се обидуваме што повеќе е можно сите да не слушнат и да стигне правата порака до нив и да немаме ситуации кои што после одредено време ќе кажат направивме погрешно мислење” – вели Битиќи.

Можете да прочитате

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СИРИЗА ја осудува провокативната најава од Мицкоски за прекршување на Договорот од Преспа

Генералот Ѓурчиновски во Брисел учествуваше на заседанието на Воениот комитет на НАТО