Утрински Весник
Економија

Битиќи: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки

Битиќи: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки
300x250 (7)

Денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на конференцијата за Југоисточна Европа на тема Човечки капитал, миграција и како да ја обликуваме иднината заедно, во организација на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

dobivaj vesti na viber

„Извештаите како овој ни помагаат нам, креаторите на политики, да создаваме квалитетни политики. А овој пат целта се младите. Собранието ја усвои новата Резолуција на миграциски политики и акцискиот план за 2021-2025 за државата, во декември 2021 година. Спроведовме реформа за Дуалното образование со цел да обезбедиме поголема флексибилност и одговорни стручни училишта кои ќе одговорат на потребите на работодавачите и пазарот на трудот.Атрактивноста на стручните училишта и обука е подобрена, што се гледа во зголемениот број на учениците во стручното образование“, вели Битиќи.

Ss1

Истовремено, нагласи тој, Владата верува дека инвестирањето во иновативни и старт-ап компании ќе обезбеди можност за младите луѓе во државата и ќе ја намали економската миграција.

„Скоро секогаш кога зборуваме за миграција, ја слушаме / кажуваме реченицата – „Да ги задржиме младите дома!“ Верувам дека секој во оваа просторија кој е родител или барем се сеќава на младоста, знае дека младите, да ги задржиш било каде, не е никогаш опција. Затоа да не ги задржуваме, туку да им дадеме крила, да создадеме можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време, ќе ги направи доволно конкурентни за светот. Она што мора да го направиме е да не ги избегнуваме нашите проблеми, туку да се фокусираме на нив“, нагласи тој.

„Ние, земјите од Западен Балкан, го споделуваме истото минато, а истото важи и за нашата иднина. Треба, преку взаемна соработка, да ги зголемиме нашите предности и да ги искористиме како конкурентска предност за регионот. И сето тоа додека чекориме право кон Европската Унија“, вели вицепремиерот за економски прашања.

Ss1

Можете да прочитате

32 години од воведувањето на денарот

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 евра за отворање на е-продавница